Со големо задоволство го заокруживме нашето учество на меѓународниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026, кој се одржа од 29 до 31 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје..
На нашиот изложбен простор посетителите имаа можност одблиску да се запознаат со дел од атрактивната понуда на BAIC, вклучувајќи ги моделите BJ30e Hybrid, X75 и X55, да ги разгледаат нивните карактеристики и да дознаат повеќе за технологијата, дизајнот и удобноста што ги нуди брендот.
Особено радуваат големиот интерес, бројните посети, позитивните впечатоци и пријатните разговори со сите љубители на автомобили.
Искрено им благодариме на сите што го посетија нашиот изложбен простор и ни ја укажаа својата доверба!
Вашиот интерес и поддршка се наша дополнителна мотивација да продолжиме со уште поголема посветеност и да ви го доближиме светот на BAIC.
Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата и најубавите моменти од нашето учество на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026..










