Сервисниот центар располага со магацински простор во кој што има резервни делови за интервенција во рок од 24 часа.
Капацитетот на сервисниот центар е 700 м2 каде што имаме изложбен салон од 400 м2 и сервис од 300 м2 покриена површина со 8 работни места од кои во четири се монтирани двостубни дигалки.
Сервисот располага со компјутеризиран сервис за отклонување на дефекти наречен ПРОКСИЈА (Лексија) исто така и компјутеризирано дешифрирање на резервни делови со специјален тест компјутер наречен СЕРВИС БОКС.
Квалитетот на бараната услуга одговара на важечките стандарди и прописи на Р.Македонија. Резервните делови кои се вградуваат во возилата се оригинални и ние како овластени дистрибутери на истите располагаме со сертификати од нивните производители.