Со задоволство најавуваме дека BAIC Macedonia - CILAZ ќе учествува на саемот „Енерго Технома 2026“, кој ќе се одржи од 29 до 31 октомври 2026 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Саемот е одлична можност одблиску да се запознаете со брендот BAIC и да го откриете нашиот пристап кон современата автомобилска индустрија, кој ги обединува впечатливиот дизајн, напредната технологија, функционалноста и сигурноста.
На нашиот изложбен штанд ќе ги претставиме моделите BAIC BJ30e Hybrid, BAIC X55 и BAIC X75. Запознајте се со нивниот модерен дизајн, удобноста, функционалноста и современите технологии што ги нудат.
За време на саемот, ве очекува и специјален саемски попуст при купување на избраните модели на BAIC. Дополнителна сигурност при изборот ви овозможува и гаранцијата до 7 години или 150.000 километри, согласно важечките услови.
Ве покануваме да нè посетите, да ги откриете моделите на BAIC одблиску и да ги искористите специјалните саемски поволности
Ве очекуваме на штандот на BAIC Macedonia - CILAZ!
Локација: Арена „Борис Трајковски“, Скопје
Датум: 29–31 октомври 2026 година
www.baic-auto.mk
+389 (0)2 2442 451




