ЦИЛАЗ е компанија која постои во Македонија веќе 23 години. Продаваме делови од програмата на Цитроен, Пежо и Рено. Располагаме со салон и сервис за возила и продавница за резервни делови.
Продавницата е со капацитет од 160м2 со вклучен магацински простор со вработени кои се квалификувани за продажба на резервни делови и за тоа поседуваат сертификати за обука.
Сервисниот центар располага со магацински простор во кои има резервни делови за интервенција во рок од 24 часа. Капацитетот на сервисниот центар е 700 м2 каде што имаме изложбен салон од 400 м2 и сервис од 300 м2 покриена површина со 8 работни места од кои во четири се монтирани двостубни дигалки. Сервисот располага со компјутеризиран сервис за отклонување на дефекти наречен ПРОКСИЈА (Лексија) исто така и компјутеризирано дешифрирање на резервни делови со специјален тест компјутер наречен СЕРВИС БОКС.
Квалитетот на бараната услуга одговара на важечките стандарди и прописи на Р.Македонија. Резервните делови кои се вградуваат во возилата се оригинални и ние како овластени дистрибутери на истите располагаме со сертификати од нивните производители.
За навремено дистрибуирање на резервните делови располагаме со сопствено возило.
Овластени дистрибутери за следните марки:
- Франција: Valeo, Sasic, Purflux-Filtrauto, Triclo, Mgi Seim, Cevam,
- Шпанија: Triclo, Koyo-Timken и
- Италија: Cofle.
Соработката со овие компании до сега е многу успешно.
Ние сме главен увозник и овластен сервис за возилата BAIC.
Сите овие години Цилаз има достигнато висок степен на имиџ и голема доверба кај купувачите во Македонија. Нашата визија е да бидеме препознатливи кај клиентите и партнерите со нудење на ефикасна, брза, целосна услуга и квалитет со сосдветни цени.
Тоа го потврдуваме и со имплементирање на стандардите ISO 9001:2015, ISO 9001:2008, ISO 14001:2015 и ISO 14001:2004.